Грашокот, лукот, зелката, лубениците, праските и лимоните забележале најголем пораст на цените на зелените пазари во јули оваа година, споредено со истиот месец минатата година. Високото прво место по поскапување дефинитивно го држи лимонот, чија цена во јули изнесувала околу 120 денари за килограм, што претставува зголемување од околу 45 отсто во однос на минатата година кога лимонот на мало се продавал за 62 денара за килограм. Цената на лукот е зголемена за 35 денари и за оваа година изнесува 120 денари. Најмалку поскапеле кромидот, морковите, јаболката и портокалите. Портокалите се намалени за осум денари, а цената на јаболката минатата година изнесувала 56 и е намалена за седум денари. Најголемо зголемување на најчестите цени на пазарите на големо во јули 2010 година за истиот период се забележува кај зелените пиперки, лукот, лубениците, дињите и лимоните.
Грашокот, лукот, зелката, лубениците, праските и лимоните забележале најголем пораст на цените на зелените пазари во јули оваа година, споредено со истиот месец минатата година, забележел Државниот завод за статистика.
Високото прво место по поскапување дефинитивно го држи лимонот, чија цена во јули изнесувала околу 120 денари за килограм, што претставува зголемување од околу 45 отсто во однос на минатата година кога лимонот на мало се продавал за 62 денара за килограм. Цената на лукот е зголемена за 35 денари и за оваа година изнесува 120 денари.
Најмалку поскапеле кромидот, морковите, јаболката и портокалите. Портокалите се намалени за осум денари, а цената на јаболката минатата година изнесувала 56 и е намалена за седум денари. Најголемо зголемување на најчестите цени на пазарите на големо во јули 2010 година за истиот период се забележува кај зелените пиперки, лукот, лубениците, дињите и лимоните. Цената на дињите се зголемила за пет денари во однос на минатата година, а во споредба со јуни 2010 е намалена за 25 денари. Најголемо намалување на пазарите на големо се забележува кај кромидот, морковите, јаболката и портокалите.
Цената на кромидот се намалила за осум денари во однос на минатата година, цената на лубениците за јуни изнесувала 24 денари и се намали за 15 денари за јули оваа година.